За десет дена изградена болница во Вухан, еве каде се лекуваат заразените од коронавирусот (ВИДЕО)

Според кинеските медиуми, болницата е монтажна и може да се изгради за шест дена.

Властите во кинескиот град Вухан изградија болница со илјада легла за третман на пациенти заразени од коронавирус.

Градоначалникот на Вухан, Џоу Сијанванг вчера изутрина ја предаде на војската новата болница Хушеншан, чии што 1.400 здравствени работници ќе почнат со работа од утре, пренесува Си-Ен-Ен.

Според кинеските медиуми, болницата е монтажна и може да се изгради за шест дена.

Кинезите во градот Вухан, од каде почна да се шири заразата на новиот коронавирус, за само десет дена изградија нова болница.

Како што пренесува Би-би-си, болницата чија изградба започна на 24 јануари, ги прими првите пациенти.

Новата болница се протега на околу 25.000 квадратни метри и има 1.000 кревети, пишува кинескиот дневен весник „Пиполс дејли“.

Здравствените власти веќе испратија медицински работници и опрема во новоизградената болница, кој ќе треба да се справат со тешки случаи на ова заболување и да придонесат за негово неутрализирање.

Погледнете како стравот од коронавирусот ги натера жителите на Кина да преземат драстични мерки.

Неверојатни глетки: Стравувањата од коронавирусот ги принуди Кинезите на драстични мерки (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот