За Денот на книгата и авторските права препорачуваме бестселери што нема да можете да ги испуштите од раце

Светскиот ден на книгата и на авторските права се прославува на 23 април поради тоа што на овој датум починале двајца великани на светската книжевност – Вилијам Шекспир и Мигел де Сервантес. Овие двајца писатели го имаат трасирано патот за многу нови автори кои денес го кројат книжевниот свет и сè уште „црпат“ инспирација и учат од делата на овие бардови на пишаниот збор. Издавачката куќа „Арс Ламина“ постојано објавува изданија од нови и плодни автори кои имаат различен поглед на светот.

Неодамна беа објавени голем број изданија што влегуваат во категоријата „бестселери“ и добиле позитивни оцени од медиуми што, во голем дел, ја диктираат книжевната сцена, а ги одобрил и гласот на читателите, кои се и најрелевантното мерило за квалитет.

Во продолжение погледнете ја листата на актуелни книги и одберете кој од нив ќе биде вашиот следен избор.

Дамски гамбит“ – Волтер Тевис

Книгата на Волтер Тевис првично е објавена во 1983-та, а во 2020 година стриминг-сервисот „Нетфликс“ промовираше серија со истиот назив што достигна огромна популарност. Главниот лик е шаховскиот вундеркинд Бет Хармон, а се опфатени теми како: посвојување, феминизам, шах, зависност од дрога и алкохолизам. Во интервју за „Њујорк тајмс“, авторот Тевис истакнал дека оваа книга е „почест за паметните жени“. Иако имало многу шпекулации за ликот на Хармон, авторот негирал дека ликот е базиран на некој од шаховскиот свет. Сепак, тој посочил дека шаховските сцени ги има засновано на своето искуство како играч од „Класа Ц“ и на опсежни студии на играта. Воедно, тука се испреплетуваат стиловите на игра на велемајсторите Боби Фишер, Борис Спаски и Анатолиј Карпов.

Списокот со гости“ – Луси Фоли

Книгата „Списокот со гости“ од авторката Луси Фоли е бестселер на „Њујорк тајмс“ и воедно беше прогласена за најдобар трилер/мистерија за 2020 година на изборот на најпопуларната интернет-страница за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Фоли досега ги има објавено и книгите „Хајка“, „Книга за изгубеното и најдено“ и „Поканата“, a најголем интерес ѝ се токму трилер-приказните. Нејзините книги се конципирани со цел напнатоста да расте пополека и сè повеќе да го заинтригира читателот. Приказната во „Списокот со гости“ се случува на еден изолиран остров во Ирска, каде што се собираат гости за да ја прослават свадбата на Џулс Киган и Вил Слејтер. Но, присутните имаат други планови и со себе носат тајни. Невреме го погодува островот, а свадбената торта е едвај пресечена кога еден од гостите е најден мртов. Кој е убиецот?

Вистините во кои веруваме“ – Камала Харис

Камала Харис е прва жена која е потпретседател на Соединетите Американски Држави. Дополнително е и прва Афроамериканка и личност со потекло од јужна Азија на таа висока функција. Во мемоарите „Вистините во кои веруваме“, кои се и бестселер на „Њујорк тајмс“, говори за предизвиците со кои се соочувала како дете на имигранти, но и на патот до силна фигура во политичката арена. Поднасловот на книгата е „Едно американско патување“ и е насочена кон најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив. Сето ова е прикажано преку личниот живот на жена која е еден од најинспиративните американски политички лидери.

Мојата мрачна Ванеса“ – Кејт Елизабет Расел

„Мојата мрачна Ванеса“ е бестселер на „Њујорк тајмс“ и воедно, покрај уникатната приказна, таа е специфична и по стилот на Кејт Елизабет Расел. Таа пишува модерно и концизно, без влакна на јазикот, а сето тоа во служба на драмскиот ефект. Приказната е провокативна и романот се чита во еден здив. Во 2000 година, Ванеса е соочена со првите тешкотии во животот и е втора година во престижно средно училиште, кога влегува во афера со Џејкоб Стрејн, привлечен професор по книжевност. Но, во 2017 година, со бранот обвиненија против моќни мажи, поранешната ученичка на Стрејн го обвинува за сексуална злоупотреба и очекува Ванеса да го стори истото.

За пет години“ – Ребека Серл

„За пет години“ на Ребека Серл се најде на листата бестселери на престижниот медиум „Њујорк тајмс“. Во книгата се разгледува едно суштинско прашање што многумина го имаат помислено – „Каде се гледате за пет години?“ Се работи за љубовна приказна, но не онаква каква што очекувате. Кога адвокатката Дени ќе ја добие работата од соништата и ќе ја прифати понудата за брак од нејзиното момче, таа заспива знаејќи дека е на вистинскиот пат да го достигне нејзиниот петгодишен план. Но, кога ќе се разбуди, се наоѓа во друг стан, со различен прстен на раката и покрај друг маж. Во заднината се слушаат вестите и таа сфаќа дека е истата вечер, 15 декември, но пет години подоцна, односно во 2025-тата…

Не си сама“ – Грир Хендрикс и Сара Пеканен

Книгата „Не си сама“ влезе во потесниот избор во категоријата „најдобра мистерија и трилер“ на најчитаната интернет-страница за книги „Гудридс“. Авторскиот тандем Грир Хендрикс и Сара Пеканен е познат и по бестселерот „Анонимната девојка“, кој исто така е достапен на македонски јазик. Шеј Милер сака да најде љубов, но не успева. Сака да биде исполнета, но нејзината работа оди кон ќор-сокак. Сака да припаѓа некаде, но нејзиниот живот станува сè повеќе осамен. Тогаш Шеј ги сретнува сестрите Мур. Касандра и Џејн живеат гламурозен и совршен живот и секогаш го добиваат она што го сакаат. Шеј би умрела за тие да ја прифатат, а можеби и ќе мора да го стори тоа…

Колку покрваво“ – Стивен Кинг

Книгата „Колку покрваво“ е бестселер на „Њујорк тајмс“ и по долго време е прва книга со раскази на кралот на хоророт Стивен Кинг. „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ се сместени во ова дело и секој од нив го носи читателот на интригантни и застрашувачки места. Голем број светски критичари ѝ дадоа позитивни оценки, па така „Паблишер викли“ посочи: „Овие претходно необјавени новели во колекцијата го претставуваат мајсторот на хоророт во најдобра светлина, користејќи го чудното и невообичаеното да даде свој поглед на смртноста, цената на креативноста и непредвидливите последици од материјалните придобивки“.

Париската библиотека“ – Џенет Скеслин Чарлс

Романот „Париската библиотека“ е заснован на вистинска приказна од Втората светска војна и за храбрите библиотекари од Американската библиотека во Париз. Се работи за дело посветено на љубовта, пријателството, семејството и моќта на книжевноста. Ова е силен роман што ги испитува последиците на нашите избори и односи што нè одредуваат.

„Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс е интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини. Исто така, тоа е роман за книги и роман за неочекувани херои и хероини – за тоа како книгите можат да ни го сменат животот.

Сите изданија можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот