За да се заштеди, Австрија препорачува туширање, а не капење

Австриско знаме / СП. архива

Граѓаните да се тушираат, а не да се капат. Тоа е една од препораките на австриското Министерство за енергетика со цел граѓаните да заштедат енергија.

„Руската агресија во Украина нè носи пред нови предизвици. Поболно од кога и да е, ја чувствуваме долгогодишната зависност од рускиот гас и тоа не само по паричниците. За тоа да се промени, потребно е, од една страна да ги прошириме изворите на обновлива енергија, а истовремено и секој да го даде својот придонес во штедење на енергија. Само мали промени во секојдневието може да донесат големи разлики и да се помогне во штедењето“, посочи Министерството.

Во објавата на социјалните мрежи, на граѓаните им се препорачува да се тушираат, наместо да се капат.

„За полна када потребно е 80 до 150 литри топла вода, а со туширање се троши само 20 до 50 литри. Со тоа, туширањето штеди многу енергија“, наведува Министерството.

Се препорачува електронските уреди да се исклучуваат односно да не бидат на „стендбај“.

Германија го предупреди своето население: Штедете струја и подгответе се за зимата!

Европа почнува да штеди гас за зима, се воведуваат и итни мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот