За да се забрза испораката на оружје во Украина, европратениците одобрија зголемување на производство на муниција

Муниција / Фото: Maxim Stukonozhenko / Alamy / Alamy / Profimedia

Европратениците денеска го одобрија предлог-законот за зголемување на производството на муниција во Европската унија со цел да се вратат резервите и да се забрза испораката во Украина. Законот за „поддршка за производство на муниција“ беше усвоен со 446 гласа „за“, 67 против и 112 воздржани, на мини-пленарната седница во Брисел.

На почетокот на мај, Европската комисија го претстави тој план, кој вклучува 500 милиони евра за зајакнување на капацитетот за производство на муниција во ЕУ на еден милион проектили годишно. Тоа треба да овозможи кофинансирање на инвестициите на индустријалците за зголемување на производството на нивните фабрики во ЕУ.

Според комесарот за индустрија Тиери Бретон, заедно со финансирањето на земјите членки, инвестицискиот капацитет би бил една милијарда евра.

Европратениците кои одлучија да ја спроведат итната процедура за усвојување на тој закон, сега треба да почнат преговори со Советот на ЕУ (земјите членки) за постигнување договор, и да одат на конечно усвојување на пленарна седница во јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот