За да се исполни цензусот во Штип потребни уште 2 295 гласови, до 17 часот гласале 11.701 граѓани

Фото: Слободен печат

Изборите за градоначалник во Пласница се успешни, една третина од гласачкото тело излегло на гласање, во Штип до 17 часот гласале 11.701 граѓанин или 28,01 проценти од вкупниот број на избирачи. Во Штип за да се исполни цензусот недостасуваат уште 2. 295 гласови, со што изборите за градоначалник можат да се прогласат дека се успешни. По пребројувањето на гласовите ќе се знае дали штипјани уште во првиот круг избрале градоначалник или ќе има втор круг, кој е предвидено да се одржи на 27 декември.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева на избирачкиот список се запишани 41.777 граѓани со право на глас, кои можат да гласат до 19 часот, кога се затвараат 77 избирачки места.

-Доколку нема една третина излезност, тогаш се прекинуваат изборите и се оди од почеток, се распишуваат нови избори, вели Андреева.

Гласачите кои МИА ги анктерираше велат дека граѓанска обврска е да се излезе на гласачкото место и да се гласа за еден од кандидатите, а од новиот градоначалник очекуваат решавање на инфраструктурните проблеми во нивните маaла, населби, но и во централното градско подрачје.

Според членовите на избирачките одбори изборите за градоначалник во Штип се мирни и се спроведуваат во фер и демократска атмосфера. Штипјани можат да го искористат своето право на глас за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој би имал мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот