За да не се загрози демократијата, ЕУ мора да активира ресурси во борбата со Ковид-19

Европската унија мора брзо да одговори на потребите на своите граѓани и да активира „невидени” ресурси за спречување на пандемијата со Ковид-19 што ја загрозува демократијата на континентот, оценија претседателите на парламентите на шест држави членки.

„Тежината на ситуацијата бара да се мобилизираат невидените ресурси во духот на солидарноста што е во основата на европската интеграција, особено во еврозоната”, напишаа тие во апелот до претседателите на главните институции на ЕУ.

„Наша обврска е да покажеме дека ЕУ и сите нејзини членки се решени конкретно и брзо да одговорат на очекувањата и потребите на нашите народи” во околности што „ја загрозуваат самата стабилност на нашите демократии”, додадоа потписнички од Франција, Шпанија, Грција, Италија, Луксембург, Португалија и Словенија .

Во исто време, тие бараат да се зајакне „европскиот индустриски суверенитет со цел да се произведат стоки и материјали што се неопходни за јавното здравство”, како и „механизмите на солидарност” за поефикасна борба против пандемијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот