За Црна Гора приклучувањето во „малиот шенген“ е само трошење на енергија

Драгица Секулиќ/Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, најави дека во рамките на меѓународните организации и иницијативи, нејзината земја веќе исполнила голем дел од она што содржи најновата иницијатива на лидерите на Македонија, Србија и Албанија и дека нема никакви трговски и други бариери кон другите држави, пренесе српска „Политика“.

Министерката изјави дека ја разбира потребата на оние земји кои меѓусебно си поставувале бариери да излезат со нова иницијатива.

– Факт е дека ние првпат се сретнавме со текстот, како што тие го нарекоа, „акциски план за забрзување на слободниот проток на стока, луѓе, услуги и капитал“, во Охрид на состанокот. Во тој документ нема ништо ново што ние досега веќе не сме го имале во различни декларации и договори. Црна Гора како членка на ЦЕФТА нема отворени прашања со ниту една земја во регионот, особено не со земјите кои се иницијатори на оваа иницијатива, што не е случај со нив меѓусебно. Така да потполно е јасно дека Црна Гора веќе ги отвори своите граници – рече Секулиќ.

Секулиќ рече дека Црна Гора ги исполнила сите препораки на Берлинската иницијатива, дека граѓаните веќе патуваат со лична карта во сите држави во регионот освен во Хрватска.

– Нема тука нешто ново што ние веќе го немаме направено. Јас денес се консултирав со колегите и прашав како изгледа проверката на тој акциски план. Тие ми напишаа дека сите мерки се реализирани – рече Сеулиќ, а пренесе Бета.

Таа додаде дека евентуалното приклучување на оваа иницијатива би претставувало само трошење на енергија на нешто што веќе Црна Гора го направила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот