17.8 C
Скопје

За четири месеци оцаринети 2.170 возила со странски таблички: Државата инкасирала 3 милиони евра

Вкупно 2.170 возила со странски регистерски таблички, се оцаринети во првите четири месеци, согласно законските прописи, информираат за „Слободен печат“ од Царинската управа на Македонија. Податоците откриваат и дека дури 66 проценти од овие возила се со бугарски таблички, а државата наплатила околу 3 милиони евра приходи. Ова се први официјални бројки, откако граѓаните во јануари годинава, добија можност со Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички, тоа да го сторат со 50 отсто намалени давачки. Законот стапи на сила на 11 јануари, а Правилникот за поединечно одобрување на возилата, беше донесен на крајот на јануари. Точни бројки за бројот на вакви автомобили нема, а се оперира со претпоставката дека се околу дваесетина илјади, од кои најголемиот дел на Источна Македонија.

Законот укажува дека сите возила, најмалку со ЕУР4 стандард, кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле во земјава и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат, со намалени давачки за 50 отсто, кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Добрите познавачи на проблематиката веќе се изјаснија дека речиси половината од ваквите возила не се со ЕУР4 стандард, што ќе ја отежни пререгистрацијата и ќе ги намали очекуваните финансиски ефекти за државата. Возилата со ЕУР3 стандард (произведени од 1997 до 2000 година), не може да ја искористат шансата што ја нуди државата, па нивните сопственици ќе мора да го враќаат возилото од каде што го купиле (Бугарија), или да го продаваат за резервни делови.

Од двојно поевтината регистрација на возила со странски таблички, годинава се смета на дополнителни дваесеттина милиони евра во Буџетот. 

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар