За чешкото претседателство, намалувањето на испораките на руски гас е „дополнителен доказ” дека Европа мора да се ослободи од зависноста од Русија

Гас фото МИА

Новото драстично намалување на испораките на гас од страна на Газпром е „дополнителен доказ дека Европа треба да ја ограничи својата зависност од руските испораки колку што е можно повеќе”, рече чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела, чија земја претседава денеска на Советот на ЕУ, јави ДПА.

„Обединувањето и солидарноста се најдоброто оружје што го имаме против рускиот претседател Владимир Путин и сигурен сум дека токму тоа ќе го демонстрираме денеска”, најави Сикела пред претстојниот состанок на министрите за енергетика од земјите-членки во Брисел, на кој ќе одлучуваат за план за ограничување на употребата на природен гас во ЕУ.

Чешкиот министер додаде дека рускиот претседател Владимир Путин стои зад планот на државниот Газпром да ја намали испораката на гас во Европа.

„Путин ќе продолжи да ги игра своите валкани игри во злоупотреба и уценување на снабдувањето со гас”, рече Сикела.

Во февруари Русија ја нападна соседна Украина.

Руски Гаспром соопшти дека од среда ја намалува дневната испорака на гас за Европа преку гасоводот Северен поток на 33 милиони кубни метри дневно – околу 20 отсто од капацитетот на гасоводот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот