За бунтовни невести: Венчаници во боја (ФОТО)

Венчаниците изгледаат како фустани за принцези и прават невестата така и да се чувствува барем еден ден во животот. Таа тогаш е во центар на вниманието и мора да блеска не само со својата насмевка, туку и со венчаницата.

Изборот на венчаница не е лесен, особено ако невестата нема претстава што би сакала да носи. Затоа одлучивме да ви предложиме венчаници во боја.

Освен класичната бела венчаница, интересно е да се излезе од традиционалните рамки и во едниот од најубавите денови во вашиот живот да облечете венчаница која одговара на вашиот темперамент.

Би било интересно на избраникот да не му ја откриете својата идеја, а кога ќе ве здогледа во страсна црвена или во нежна виолетова венчаница, ќе посака првата брачна ноќ да дојде што побрзо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот