За Бугарите Димитров не е виновен, туку забавата во Белград! (ВИДЕО)

фото: твитер

Бугарските медиуми се изненадени од хрватската и српската јавност дека се обвинува бугарскиот тенисер Григор Димитров дека е главната причина за проширувањето на коронавирусот на турнирот во Задар како дел од „Адриа тур“ организиран од страна на Новак Ѓоковиќ.

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ кој вчера објави дека е позитивен на коронавирус го обвини Григор Димитов за хаосот.

Според Бугарите, заразата не започнала од Димитров, туку од забавата која беше во Белград.

Заразата на тенисерите, а потоа и епидемијата која избувна во Задар, најверојатно започна на забавата во елитниот белградски клуб „Лафајет“, од кој се појавија слики на типично балканско славје, на кое не се почитуваа никакви здравствени мерки – информира бугарскиот медиум „24часа“.

Приказната дека Димитров дека се заразил пред турнирите во Белград и Задар, хрватските и српските медиуми сакаат да го оправдаат ризичното однесување на своите тенисери и гледачи на турнирите во тие земји и затоа според Бугарите против Димитров започна „хибридна балканска војна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот