За брзо будење: Намирници кои веднаш ќе ви дадат енергија

Ако ги јадете и во текот на денот ќе бидете полни со енергија сè до вечерта.

Некои намирници можат да направат многу побрзо и подобро да се разбудите. Ако ги јадете и во текот на денот ќе бидете полни со енергија сè до вечерта. Еве некои од нив:

Банана
Бананите се совршена намирница за избалансиран појадок. Одлични се затоа што можат да го контролираат и стабилизираат нивото на шеќер во крвта, а најдобри се во комбинација со путер од кикирики, кој е одличен извор на протеини и масти.

Бадеми
Бадемите имаат најдобри својства ако се јадат свежи и несолени. Тие се одличен извор на здрави масти и на протеини, а помагаат во балансирање на нивото на шеќерот во крвта. Некои научни истражувања покажале дека 20 бадеми дневно можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Црно чоколадо
Заборавете на кафето со млеко и земете поголема штангла од омиленото темно чоколадо. Притоа важно е чоколадото да биде квалитетно, со најмалку 70 проценти какао. Какото е одличен извор на железо и магнезиум, а доколку наутро изедете една шангла веднаш ќе забележите дека се чувствувате побудно.

Јајца
Јајцата наутро ќе ве снабдат со протеини и железо, па така во текот на целиот ден ќе имате доволно енергија. Витаминот В8, што се наоѓа во јајцата често се доведува во врска со правилното функционирање на мозокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот