За божиќните празници дегустирајте го виното AMINTA 2015 (Барик) од „Стоби“

Одберете посебно врвно вино за големиот празник – AMINTA 2015 (Барик) од „Стоби“. 

Синергија креирана од силниот и рустичен Вранец, елегантно скротен од мекото Мерло и надополнет од деликатниот Каберне совињон, секој посебно одлежан во дабови буриња. Ова вино го одразува темпераментот и сензуалноста на античките винари. Со интензивна темна рубин боја и арома на мали црвени бобинки, меко и концентрирано, засилено со зачински ноти, виното во себе содржи „Бордо“ елеганција, надополнета со шмекот на јужните краишта. Бербата е од сопствени плантажи.

Вински ноти

Боја: Интензивна темна рубин боја

Ароми: Зрело црвено овошје и елегантна пикантност со зачински ноти

Вкус: полно тело, убаво структурирано со кадифени танини, долг и овошен по вкус

Комбинација со храна: се препорачува да се консумира во комбинација со зрело сирење, пршута, печено телешко, јагнешко, свинско и деликатесни македонски тави.

Служење: препорачуваме служење на температура од 15-17°C

 

(комерцијален ПР текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот