За безгрижно детство и сигурна иднина, одберете банка која е партнер од доверба

За учење на финансиска одговорност е потребно време и истрајност, но отворањето на детска штедна книшка може да помогне за таа цел и најчесто се покажува како навистина паметен избор, за детето и неговата иднина. Има многу придобивки од отворање на штедна книшка. Меѓу нив се: децата се учат да планираат однапред, да останат фокусирани на целите и приоритетите, да штедат за работите што ги сакаат, ги учи на вредноста на парите, да не ги трошат залудно, како и основни математички вештини. Со детското штедење им помагате на децата да го осознаат поимот финансиска одговорност во процесот на нивното созревање.

Халкбанк АД Скопје во своето портфолио на депозити нуди и депозит за детско штедење, со навистина едноставни и поволни услови. Сѐ што ви е потребно за отворање на орочен депозит за детско штедење е лична карта на родител/старател, извод од матична книга на родените од детето и почетен депозит кој може да биде во минимален износ од 1000 денари за денарско штедење, односно 20 евра за девизно штедење. Каматната стапка за избраниот период е фиксна и во зависност од избраниот период на орочување, достигнува до 1,9%, односно 1,4% за денарско и девизно штедење, соодветно.

Халкбанк, конкретно за овој депозит, нуди можност за дополнителни уплати, пред истекот на датумот на доспевање, а за секој отворен депозит издава дизајнирана детска штедна книшка и ве наградува со Халки касичка, каде заедно со вашите најмили ќе може да ги штедите средствата кои би се додале на штедното конто на вашето дете. Сега можете да ги чувате парите што вашето дете ги добило за роденден, за одличниот успех во училиште и слични посебни пригоди на навистина безбедно место, средствата да се оплодат и да се искористат за исполнување на желбите и потребите на најмилите. Се разбира, вашиот депозит можете да го следите преку услугата електронско банкарство, каде се достапни опциите за дополнителни уплати и следење на сите промени и детали.

Халкбанк АД Скопје, како една од најголемите и најсилни банки во земјава и најбрзорастечка банка на пазарот е вистински партнер за штедење, на кој можете да се потпрете и да му ја дадете својата доверба, бидејќи континуирано докажува дека за оваа банка навистина Важни се луѓето и нивните средства.


Kомерцијален текст

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот