За „бетонирање“ на мирот во Нагорно Карабах: Русија испрати уште 188 мировници во Ерменија

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY/HANDOUT MANDATORY CREDIT/BEST QUALITY AVAILABLE/HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Русија распореди уште 188 војници во Ерменија со цел да ги засили своите погранични стражи во оваа земја.

Распордувањето е направено на барање на официјален Ереван, а со цел да се зачува мирот во регионот Нагорно Карабах, му реферираше денеска шефот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников на рускиот претседател Владимир Путин преку видео конференциска врска, пренесоа британските медиуми.

Руските граничари се наоѓаат во Ерменија од распадот на Советскиот Сојуз, согласно договорот меѓу двете земји од 1992 година.

Русија во последните две недели во регионот на Нагорно-Карабах распореди речиси 2.000 мировници, откако на 10 ноември беше постигнат мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан, за кој гарант беше токму Русија, со што беше ставен крај на шестнеделните борби меѓу азербејџанските и ерменските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот