19 C
Скопје

За Балашевиќ и национализмот

Ненадејната смрт на бардот на југословенската музика Ѓорѓе Балашевиќ повторно ја обедини поранешна Југославија. Во последната колумна пишувавме како Југославија е мртва но Југосферата е жива, и тоа веднаш се покажа на дело. Скопје, Нови Сад, Сараево но и Загреб, сите официјално ја обжалија смртта на панонскиот морнар. Во Загреб се случи и невозможното, на градскиот плоштад од Балашевиќ се простија на кирилица.

Големиот пријател на музичкиот гениј, Раде Шербеџија се заплака во жива емисија а хрватскиот тренер Ќиро Блажевиќ кој не крие дека го почитува ликот и делото на Фрањо Туѓман, после критика на хрватски политичар за ќирилицата на загребачкиот плоштад кажа дека се работи за тешка глупост и дека за Балашевиќ и тој “плаче на кирилица”.

Но освен изливот на искрена емоција и чувството дека со губењето на Балашевиќ сме изгубиле и дел од својата младост, како по обичај во јавноста се појави и гнилиот дел од општеството представен преку најгрдиот национализам. За човекот кој пееше “Само да нема војна” се најдоа “експерти” кои почнаа да ги бројат етничките крвни зрнца на починатиот Ѓоле, па така по обичај за хрватските националисти тој бил голем Србин, за српските тој бил “љубител на муслиманите” а се јавија и албански националисти за кои Балашевиќ ја испеал “Не ломите ми багрење” алудирајќи на Срби кои во 80 – тите години се иселувале од Косово. Обвинувањата за национализам кон Балашевиќ се речиси неверојатни бидејќи се работи за човек кој ги напишал најубавите љубовни стихови меѓу музичарите но и меѓу поетите. Ѓорѓе Балашевиќ беше и остар критичар на војните во бивша Југославија а влезе и во отворен судир со режимот на Слободан Милошевиќ во Србија. Тогаш на Ѓоле му беа забранувани песни а тој со неговото семејство мораше да се исели во Словенија поради притисоците. Сепак во најголем судир со националистичката булумента во Србија, Балашевиќ дојде после одржувањето на првиот повоен концерт во Сараево после потпишувањето на дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина. Тогаш националистите го обвинија Ѓорѓе дека отишол во Босна да “пее на муслиманите” а не на Србите. После информациите за можен атентат врз него во Сараево, Балашевиќ ноншалантно порача на воодушевената публика дека тој може да издржи 5 дена да биде на нишан ако жителите на Сараево издржале 5 години под опсада. Толку за големината на поетот меѓу музичарите, а сега за национализмот. Причините за оваа социолошка појава се научно анализирани и има повеќе фактори кои го хранат национализмот или национал-шовинизмот. Една од причините за појавата се стравот од туѓото, стравот од различното или стравот за нарушување на својот начин на живот, навиките или обичаите.

Прочитајте и...  Маричиќ: Евростат потврди дека пописот ќе биде по меѓународни стандарди

Овој тип на национализам се храни со стереотипите и предрасудите и може да се намали со добра едукација и образование од најмали нозе. Полоша е сликата меѓутоа кај национал-шовинизмот кој се базира на верувањето на супремација на сопствениот етникум или раса над останатите. Овој тип на национализам е основа и за најголемите насилства, почнувајќи од холокаустот, или геноцидите во Руанда и во Сребреница.

За жал умовите на назадните балкански националисти најчесто веруваат во митовите и легендите за надмоќтта на својот народ над останатите, веруваат во првенството на постоењето на своите етникуми или јазици, и истите митови постојат од “Вардара па до Триглава”. Кога ќе се појави некој како балашевиќ, кој е космополит, кој нема предрасуди, кој комуницира со “непријателот” тоа за националистите е како струен удар. Тоа е клинот во нивното црно срце, тоа е ударот кој ги распршува нивните огавни конструкции, тоа е разумот кој ја победува заблудата, едноставно тоа е светлината над темнината. Кога во највдаховениот момент на заминувањето на поетскиот џин, општествените гмизавци излегоа од подземјето на сонце тоа само не подсети дека како што вели Ѓоле “‘ѓаволот ја чека својата шанса”, но реакцијата кај најголемиот дел од луѓето кои ги осудија националистичките изблици сепак дава надеж дека следните генерации имаат шанса за подобро живеење која треба да ја искористат.

Југославија е мртва, да живее југосферата

Поврзани вести

Бројот на новороденчиња во Франција падна за 13 отсто во текот на една година

Слободен печат

Заев задоволен: Наплатата на ДДВ е подобрена, преговараме со девет нови странски компании за инвестиции

Слободен печат

Заев: Го јакнеме менталниот склоп на целото општество, случајот со Мијалков е резултат на досегашните реформи

Слободен печат

Саркисјан: Барам начин за мирно решавање на ситуацијата

Слободен печат

Маричиќ: Евростат потврди дека пописот ќе биде по меѓународни стандарди

Слободен печат

Полска воведува нови ковид правила: Го укина карантинот за вакцинираните од коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар