За Асад „минијатурната“ трета светска војна во Сирија е поради обидот на САД да ја задржи хегемонијата

Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Судирот во Сирија е минијатурен модел на третата светска војна која се води посредно, рече во интервју за „РТ“ сирискиот лидер Башар ал-Асад, а пренесе „Србија данас“.

Асад не исклучи дека нафтата можеби е еден од главните фактори за почетокот на војната во Сирија.

– Не заборавајте дека САД водат војна против целиот свет. Тука се работи за тектонски движења и „земјотреси“. Стариот светски поредок кој се појави по Втората светска војна застари, особено по распадот на Советскиот Сојуз. Моделот на монополарен свет повеќе не функционира. Се издвојуваат низа на сили во развој како Русија и Кина, Индија и останатите – рече тој.

Меѓутоа, како што нагласи сирискиот претседател, САД никого не признаваат за партнер во светското лидерство, дури ниту Велика Британија, Франција и останатите големи држави.

– САД не признаваат партнери и затоа водат борба. Војната во Сирија е минијатурен модел на Третата светска војна кој се води посредно – додаде тој.

Војна за опстанок

– Американската политика во целина се заснова на методи на обиди и грешки. Тие влегоа во Авганистан и ништо не се случи. Влегоа во Ирак – ништо не се случи. Почнаа да влегуваат и во други државни, но на други начини. Ги променија своите пристапи – констатира Асад.

Според неговите зборови, САД се сигурни дека водат војна за опстанок поради губењето на хегемонијата.

– Проблемот на САД се состои во тоа што, од нивната точка на гледиште, тие водат војна за преживување, поради тоа што ја губат својата хегемонија. Тие одлучија да се борат против Русија, Иран, Сирија – со секој кој им вели „не“. Дури и против своите сојузници, западните држави, ако тие кажат „не“. Тие се подготвени да се борат и против нив – додаде шефот на сириската влада.

Грабеж на нафтените полиња

САД се бават со грабеж на нафтените полиња во Сирија, што претставува флагрантен пример на американската политика, смета Асад.

– Огорчени сме, цел сириски народ е огорчен. Тоа навистина е грабеж. Меѓутоа, тоа нема врска ни со меѓународниот поредок, ни со меѓународното право. Таа појава, искрено да ви кажам, не е нова и се однесува не само на военото време – изјави Асад.

Тој изјави и дека состанокот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган бил тенденциозен.

– Тешко оној кој ја окупира твојата територија дека може да биде посакуван соговорник – рече Асад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот