7 C
Скопје

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Најголемата пречка за закрепнување на македонскиот воздушен сообраќај е забраната за патување поради КОВИД-19 воведена од земјите на ЕУ/Шенген за носителите на македонски пасош.

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле” во Охрид” поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Една од опциите за надминување на состојбата е да се овозможи систематско тестирање на патниците на аеродромите, што го иницирал кај Владата аеродромскиот оператор.

-Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија. Скопскиот и охридскиот аеродром беа затворени за сообраќај на патници цели 3,5 месеци – од средината на март 2020 година до 1. јули 2020 година. По повторното отворање, се соочивме со забрана за патување во ЕУ/Шенген за македонските граѓани. Тоа резултираше со намалување на бројот на патници за 71 процент за целата 2020 година (јануари-декември 2020) или од 2.677.618 патници на двата македонски аеродрома во 2019 година, 2020 година ја завршивме со вкупно 782.876 патници, изјавија за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на аеродрмите во државава.

Прочитајте и...  Ин мемориам: Почина професорот и архитект Андреј Токарев

Најголемата пречка за закрепнување на македонскиот воздушен сообраќај е забраната за патување поради КОВИД-19 воведена од земјите на ЕУ/Шенген за носителите на македонски пасош. Додека не се отстранат тие ограничувања и луѓето не почнат слободно да патуваат од туристички причини како што правеа претходно, велат од ТАВ Македонија, ќе се соочуваме со тешкотии.

-Една од опциите за надминување на оваа состојба е иницијативата што ѝ ја предложивме на Владата на Република Северна Македонија – систематско тестирање за КОВИД-19 на аеродромите во Скопје и Охрид, што доколку биде прифатено од ЕУ, треба да овозможи слободен влез на македонските граѓани во земјите на ЕУ каде е концентриран над 77 проценти од македонскиот воздушен сообраќај, наведуваат од ТАВ Македонија.

Прочитајте и...  Без вода улица „Душан Тасковиќ“ во Гази Баба

За време на оваа пандемија, појаснуваат, авиокомпаниите брзо и постојано го менуваат распоредот на летовите. Тие најавуваат одреден лет, но подоцна можат да го откажат, во зависност од правилата за патување на владите воведени поради КОВИД-19.

Од Меѓународниот Аеродром Скопје има 20 редовни авиолинии, до дестинациите: Белград, Загреб, Истанбул, Виена, Цирих, Киев, Берлин, Базел, Келн, Дортмунд, Ајндховен, Фридришахафен, Минхен (Меминген), Гетеборг, Хамбург, Малме , Франкфурт, Лондон, Брисел и Стокхолм.

Други дестинации, како на пример, Париз, Нирнберг, Баден-Баден, Турку, Копенхаген, беа функционални во одредени периоди, а сега се паузирани, сè додека авиокомпаниите повторно не ги отпочнат. Од аеродромот во Скопје летаат  авиокомпаниите: Туркиш ерлајнс, Виз ер, Аустриан ерлајнс, Ер Србија, Кроација ерлајнс, Виндроуз ерлајнс, Еделвајс и Чер ерлајнс.

Прочитајте и...  Панел дискусија: Недела неработен ден – какви ефекти ќе има врз македонската економија

Од аеродромот во Охрид согласно зимскиот распоред на летови сега има летови до три дестинации – Базел, Дортмунд и Цирих, на кои летаат Визер и Чер ерлајнс.

Од ТАВ Македонија се надеваат дека со летниот распоред на летови во 2021 година, кој почнува на крајот од март, дел од другите дестинации и од Скопје и од Охрид, кои беа прекинати со почетокот на ковид-кризата, ќе бидат обновени.

Пред почетокот на кризата аеродормскиот оператор најави дополнителни вложувања во аеродормите во Скопје и во Охрид.  Договорените специјални проекти дефинирани од Владата, како што велат од ТАВ Македонија се приоритетни точки.  Ќе бидат реализирани согласно поврзаните аеродромски проекти. Од временски аспект,  информираат, нивната реализација ќе биде во линија на закрепнувањето на авиосообраќајот од КОВИД-19.

Поврзани вести

Повредени четири лица при излетување на патничко возило кај селото Зајас

Слободен печат

Сирискиот претседател Башар ал-Асад и сопругата Асма позитивни на коронавирус

Слободен печат

Скопските советници ги усвија Годишната сметка и Годишниот извештај за 2020

Слободен печат

Во февруари пораст на трошоците на живот и на цените на мало

Слободен печат

Наставнички од „Х. Т. Карпош“ и годинава се откажаа од подароците за 8 Март и празникот им го посветија на заболените од Вилсон

Слободен печат

ЦИВИЛ по повод 8 Март: Сите мораат да се вклучат за да стават крај на родовата дискриминација и насилството

Слободен печат

Остави Коментар