За 71-от роденден на принцот Чарлс, палатата објави досега невидени фотографии (ФОТО)

принц чарлс
Принц Чарлс / Фото: Profimedia

Војводата и војвотката од Сасекс на нивниот официјален инстаграм-профил, објавија досега невидени фотографии од малиот Арчи, а по повод 71-от роденден на неговиот дедо, принцот Чарлс. Станува збор за фотографија од крштевката на малиот Арчи, а на која Хери го држи синот во рака, додека принцот Чарлс стои покрај нив.

Чарлс Филип Артур Џорџ, принцот од Велс, принцот од Шкотска, војводата од Корнвел, војводата од Ротесеј, грофот од Карик, баронот од Ренфре, грофот од Честер и лодот од Острв, роден е во Бакингемската палата на 14-ти ноември 1948 година. Имал само 4 години кога починал неговиот дедо Џорџ Шести, а мајка му го наследила тронот. После една година во друштво на баба му и тетките, покојната принцеза Маргарет, тој го гледал крунисувањето на мајка му.

Го презирал своето училиште Гордонстоун во далечен дел на Шкотска, каде што учел и неговиот татко, но затоа станал првиот престолонаследник со диплома од Кембриџ. За принц од Велс службено бил прогласен на свеченост во 1969 година. Мајка му е со одлично здравје и не планира да абдицира, па Чарлс се уште чека. Неговите критичари, па дури и некои монархисти кои мислат дека Чарлс е лош пример на куќата Виндзор, велат дека и подобро што е така.

Но, кога принцот Чарлс еден ден ќе ја наследи својата мајка на британскиот трон, на тоа ќе чека подолго од било кој предходен престолонаследник во историјата на монархијата стара илјада години. Почитувачите на Чарлс веруваат дека неговата мудрост, промисленост и залагање за заштита на околината, ќе ја донесе јавната подршка што ја заслужува. Но, сето тоа го засенува неговата прва сопруга принцезата Дијана, бурниот прекин на нивниот брак и трајното непријателство со делот од јавноста спрема неговата втора сопруга Камила, војвотката од Корнвел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот