За 4 недели ќе изгубите 4 килограми: Најздравата диета на сите времиња! Исчистете го телото од токсини!

Хељдата и кефирот сами по себе се супер здрави производи, но заедно се уште по моќни и имаат неверојатен ефект врз вашето здравје!

Сировата хељда со кефир најдобро се зема наутро, бидејќи на тој начин прави чуда за организмот: чисти од токсини, го подобрува функционирањето на гастроинтестиналниот тракт, панкреасот и црниот дроб, го нормализира шеќерот во крвта и уште многу бенефити по вашето здравје.

Со чистење на телото од токсини, имунитетот станува многу посилен!

И немојте да ве плаши зборот „сиров“. Се покажа дека сировата хељда е дури и повкусна отколку кога е варена.

За само неколку недели ќе постигнете видливи резултати ако редовно конзумирате кефир и хељда, секое утро како појадок.

Подготовка: Од вечер ставете 1 лажица сирова хељда во 1 чаша кефир. Оставете ги да отстојат преку ноќта, на собна температура и веќе утрото ќе имате готов појадок.

Наутро повторно, ставете уште една лажица хељда во чаша кефир, за да биде подготвено и за вашата вечера.

Бидејќи хељдата добро набабрува, таа е многу вкусна и хранлива.

По една недела, непријатната надуеност ќе исчезне, обемот особено околу половината ќе биде намален, а ќе забележите и помалку килограми на вагата. За 4 недели, со оваа диета, губите 4 килограми.

Пробајте и нема да зажалите. Покрај слабеењето, ќе се чувствувате и многу поздраво. Вашата коса и нокти ќе бидат здрави и цврсти.

Хељдата во комбинација со кефирот се вистински прочистувачи на цревата, а со тоа и на целото тело од токсини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот