За 300 денари на мечот Шкендија-Номе Калју

facebook.com/fcshkendija

Шкендија има предност од првиот меч стекната во Естонија (0:1), иако истата можеше да биде уште повисока.

Блиску се до второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, но фудбалерите на Ќатип Османи максимално сериозно ќе му пристапат и на возвратниот дуел.

Во меѓувреме тетовскиот клуб ја објави цената на влезниците за средбата во Скопје. Билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари.

Дел од навивачите на македонскиот фудбалски шампион не се задоволни од цената на билетите, бидејќи на тој начин трибините уште повеќе ќе зјаат празни.

Победникот од оваа пресметка во наредната рунда ќе се соочи со подобриот од Селтик-Сараево.

Со едната нога во второто коло се веќе Шкотите кои во Босна и Херцеговина славеа со 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот