За 30 дена БиХ ќе одлучи дали ќе пристапи на „мини Шенген”

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

На денешната вонредна седница на Претседателството на БиХ во Сараево, Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ и Милорад Додик, го разгледуваа предлогот за приклучување на Босна и Херцеговина на иницијативата „мал Шенген”, по што е решено овој предлог да се испрати до Советот на министри на БиХ на разгледување.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, иницијативата за пристапување на БиХ на „мал Шенген” беше иницирана од српскиот член на Претседателството, Милорад Додик.

– Го задолживме Советот на министри на БиХ (Владата) да направи анализа на сите договори што БиХ ги има со ЕУ и во регионот, да направи анализа што значи тоа за БиХ, кои се штетите, придобивките и можните опасности. Таа анализа ќе биде поднесена во рок од 30 дена до денес. Г-дин Додик предложи веќе денес да се приклучиме на мини Шенген, но тоа не го усвоивме. Побаравме целосна анализа и на крајот тоа е едногласна одлука на сите тројца членови на Претседателството на БиХ, изјави Џаферовиќ.

На седницата на предлог на Комшиќ гласано е и за признавањето на Косово од страна на БиХ, што не беше усвоено поради противењето на третиот член на Претседателството, Милорад Додик.

И барањето на Милорад Додик за преместување на Амбасадата на Босна и Херцеговина од Тел Авив во Ерусалим не беше усвоена. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот