За 24 часа во Србија регистрирани 83 заразени со коронавирусот

Фото: МИА

Во изминатите 24 часа во Србија на вирусот ковид-19 се тестирани 5.959 лица, а регистрирани се нови 83 заразени лица, едно лице почина.

На респиратор се 23 пациенти.

Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, денеска изјави дека оние лица кои доаѓаат во Србија од земјите каде што голем број луѓе се заразени со коронавирусот, и не можат да се пријават по електронски пат, треба да одат кај својот матичен лекар и на тој начин да се пријават.

Тој изјави дека воведениот систем за надзор поради пандемијата на коронавирусот на границите на Србија функционира одлично и дека околу 4.500 луѓе веќе поднеле барање за надзор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот