За 24 часа во Хрватска потврдени нови 77 случаи на ковид-19

EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 77 нови случаи на коронавирус, а пет пациенти починале, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов, 881 случаи на коронавирус се активни во Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.

Луѓе носат заштитни маски на лице во Загреб, Хрватска, 13 јули 2020 година/ Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хоспитализирани се 134 лица, од кои девет се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се потврдени 4.792 случаи на коронавирус, 133 лица починале, а 3.788 лица се опоравиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот