За 24 часа над 100 починати од ковид-19 во Грција

Доктори во Грција/ Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 105 смртни случаи од Ковид-19, рекорден број во последните седум месеци, а зголемен е бројот и на новозаразени, но и на пациенти приклучени на апарати, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во последното деноноќие потврдени се 7.287 нови случаи од направени 106.357 тестови, а починаа 105 лица.

Последен пат, над 100 смртни случаи од Ковид-19 за едно деноноќие имаше на 15 април годинава со починати 104 лица, во периодот додека земјата беше во карантин.

На одделите за интензивна нега во грчките болници, приклучени на апарати се 608 пациенти (18 повеќе од вчера), од кои 503 односно 82,73 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 886.207случаи на Ковид-19, а починаа 17.425 лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот