За 20 години на пазарот ќе преовладуваат електричните автомобили

Автомобилите на електричен погон сега се мал дел од пазарот, но во блиска иднина тоа значително ќе се промени, тврдат аналитичари на БНЕФ (Bloomberg New Energy Finance) и според нив до 2040 година околу 57 отсто од новопродадените автомобили ќе бидат со електричен погон.

Истото важи како за патнички така и за лесни комерцијални возила.

Од БНЕФ затоа сметаат дека е „многу можно врвот на продажбата на патнички возила со мотори со внатрешно согорување да е веќе зад нас”.

Намалувањето на цените на електричните возила, очекуваните пониски трошоци за одржување и напредокот на технологијата, само ќе го забрзаат тој процес, велат во БНЕФ. Тие анализираат дека во следните две децении продажбата на електрични возила од ланските 2 милиона, до 2040 година ќе се зголеми на 56 милиони. Во исто време продажбата на „конвенционални” возила ќе се намали од ланските 85 на околу 42 милиона возила годишно. Во БНЕФ велат дека електричните возила низ својот „животен век” може да се покажат поевтини за корисникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот