За 17 илјади фунти од Тирана до Британија – Албанец падна во „мрежата“ на британски новинари

Фото: Топ Чанел

Весникот „Mail on Sunday“, преку истражувачка сторија, успеа да контактира со еден Албанец од Хас, Албанија, кој живее во северен Лондон, при што Албанецот по име Кастриот Ахмати, според весникот, и ветил на новинарка која се преправала во заинтересирана емигрантка за шверцување во Британија, дека веднаш ќе биде донесена во Британија, по истиот пат како и 39-те имигранти кои го загубија животот во последната трагедија, пренесува Топ Чанел.

Албанецот кој според весникот го објавил својот телефонски број на Фејсбук страницата „Албанците во Лондон“, коментирајќи ја преку видео-повик на Фејсбук последната трагедија, на новинарката и вели дека е „како што ти е напишано“ и „јас дојдов сам во Британија на овој начин“.

Цената што тој и ја нуди на новинарката за доаѓање од Албанија во Британија, достигнува 17.000 фунти за да добие лажни документи што ќе и овозможат на нејзе пристигнување со авион од Тирана, или 14.000 фунти ако се скрие во камион, качувајќи се во Белгија а патувањето би траело од 12 до 14 часа.

Контактиран подоцна за да коментира за британскиот весник, Албанецот рече дека се шегувал со пораките објавени на Фејсбук и телефонскиот разговор со маскираната новинарка. Но, весникот „Mail on Sunday“ пишува дека според НЦА – Агенцијата за борба против криминалот, албанските групи се генерално одговорни за зголемувањето на бројот на шверцуваните мигранти во Велика Британија.

Според Дејвид Вуд, поранешен генерален директор за имиграција во „Home Office“, зборувајќи за начинот како функционираат албанските трговци вели дека „тие обично имаат агенти во изворните земји како Кина, Авганистан, Ирак и субсахарска Африка“.

Досието со материјалите, вклучително и идентитетот на Албанецот од Хас, весникот „Mail on Sunday“  му ги предаде на полицијата за истрага. Но, весникот не вели дека овој Албанец или албанските шверцери се одговорни за неодамнешната трагедија со 39 имигранти од Виетнам и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот