УНИЦЕФ: За 168 милиони деца ширум светот училиштата се затворени скоро една година

УНИЦЕФ/ Фото: МИА

За време на карантинот поради коронавирусот, училиштата за скоро 168 милиони ученици ширум светот се затворени речиси една година, соопшти УНИЦЕФ предупредувајќи на катастрофалните последици за иднината на тие деца.

Училиштата во 14 земји низ светот останаа затворени од март 2020 година до февруари 2021 годинасе вели во извештајот на УНИЦЕФ за затворањето на училиштата.

Од нив, две третини се во Латинска Америка и Карибите, каде што се погодени речиси 98 милиони училишни деца.

– Како што се приближува една година од почетокот на пандемијата на Ковид-19, уште еднаш потсетуваме на катастрофата во образованието во вонредни околности на карантин низ целиот свет, истакна извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

– Со секој изминат ден, децата кои не можат да посетуваат настава со физичко присуство заостануваат, а најмаргинализираните плаќаат најскапа цена, рече Форе.

УНИЦЕФ предупредува дека постојното затворање на училиштата има „разорни последици”, а на најранливите деца им се заканува принуден детски брак или детски труд наместо часови.

Според УНЕСКО, повеќе од 880 милиони деца ширум светот се соочуваат со нарушувања во образованието поради целосно или делумно затворање на училиштата.

Со цел да се сврти вниманието кон „образовната катастрофа”, УНИЦЕФ вчера постави модел на „училница за пандемија” во седиштето на ОН во Њујорк.

Составена е од 168 празни клупи, секоја клупа претставува милион деца кои живеат во земји каде училиштата се скоро целосно затворени, соопшти организацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот