За 1,3 милиони евра две компании ќе го чистат Скопје од снег

фото: Слободен печат/Д. Митрески

Град Скопје склучи договор со две компании со вкупна вредност од 85.762.400 денари или околу 1,3 милиони евра, а кои ќе бидат ангажирани за чистење на улиците во зимски услови.

Откако беше распишан тендер за ангажирање на специјални возила со соларка и плуг за зимско одржување на сообраќајници на територија на Град Скопје, градските власти ги прифатија понудите на „Аполо инженеринг“ ДООЕЛ експорт-импорт и „КИ-ЕМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.

Според информациите објавени на Електронскиот систем за Јавни набавки, првиот договор вреден 64.900.000 денари или околу еден милион евра е склучен со друштвото за производство трговија и услуги „Аполо инженеринг“ ДООЕЛ експортимпорт.

Додека вториот договор е вреден 20.862.400 денари или околу 339.000 евра и е склучен со друштвото за промет на големо и мало, застапување, посредување и реекспорт „КИ-ЕМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот