За 10 години потрошија 700 милиони евра, а се борат за опстанок!

фото:твитер

Освоени 14 бодови од 15 натпревари и моментно 18. место во најсилната англиска фудбалска лига, што беше причина досегашниот менаџер Марко Силва да добие отказ.

Евертон во последните 10 години на засилувања, барем на хартија, потроши 700 милиони евра, но никаков напредок не беше направен во изминатата деценија.

Само минатото лето на нови играчи „карамелите“ искешираа 120 милиони евра. Како голема „утка“ се наведува доведувањето на Мојз Кин кој беше платен 27.5 милиони евра, а сеуште не постигнал ниту еден гол.

Најголемиот успех беше направен пред шест години. Тогаш, Евертон во Премиер лигата заврши на шестото место и обезбеди пласман во осминафиналето на Лига Европа.

Еве една интересна споредба, Тотенхем во истиот период вложи двојно помалку пари, изгради нов стадион, се најде во Топ 6, а минатата сезона играше и финале во Лигата на шампионите.

Ниту креаторот на шампионската генерација на Лестер сити, Стив Волш, не беше од корист. Ужасно беа потрошени 180 милиони евра на Сандро Рамирез, Клаасен, Џенк Тосун и Волкот.

После заминувањето на Роберто Мартинез и на клупата се редеа промашувања. Ниту Роналд Куман, ниту Марко Силва не се покажаа како вистински решенија.

„Сол на раната“ се и последните успеси на градскиот ривал Ливерпул кој стана европски шампион.

Фановите на Евертон се надеваат дека со новиот стадион кој треба да биде завршен до 2023. година ќе има подобри денови за овој клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот