Wall Street Journal: Започна испораката на вакцината на „Pfizer“ за САД и Европа

Profimedia
photo: Corona vaccine. Pfizer and BioNTech

Американската воздухопловна компанија „United Airlines“ вчера започна да доставува вакцина против коронавирус произведена од фармацевтската компанија „Pfizer“ во магацините во САД и Европа, објави весникот The Wall Street Journal.

Според весникот, двете компании  започнале испораки на вакцината со карго чартер летови. Во моментов вакцините се носат во магацините во американската држава Мичиген и во Белгија. Подоцна испораките се планираат во Висконсин и Германија.

За да ги изврши испораките, авиокомпанијата побара од Сојузната управа за воздухопловство на САД (FAA) дозвола за транспорт на 6,8 тони сув мраз, што е пет пати повеќе од дозволеното со закон. Мразот е потребен за да се одржи температурата многу ниска, така што вакцината може да се чува безбедно.

Минатата недела германската фармацевтска компанија „BioNTech” и нејзиниот американски партнер „Pfiezer“ испратија барање до Управата за храна и лекови на (FDA) за регистрација на вакцината за коронавирус.

Специјалисти од надзорното тело ќе го проучат барањето, а потоа ќе биде разгледано од независни експерти, што треба да се состане на 10-ти декември. Така, употребата на вакцината во итни случаи може да се одобри околу средината на декември.

Претходно, „BioNTech“ и „Pfizer“ соопштија дека се подготвени да започнат со дистрибуција на вакцината неколку часа по нејзиното одобрување и дека е таа ефикасна 95 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот