VW брои недели до премиерата на Golf 8

Германскиот производител објави нова фотографија од маскираниот пред-продукциски Golf 8 пред неговото деби кое ќе се случи во текот на есента.

Volkswagen веќе некое време ги подготвува фановите за премиерата на новата генерација на својот бестселер која првично е планирана за Саемот за автомобили во Франкфурт, но во меѓувреме беше променета за оваа есен.

Иако на Интернет веќе со месеци се појавуваат „шпионски“ фотографии од немаскираниот Golf 8, германската компанија на најновата фотографија ја сокрива неговата надворешност под црно-бела „камуфлажна“ фолија.

Сепак, не е возможно да се сокрие препознатливата силуета на популарниот хечбек, кој од генерација во генерација дискретно се менуваше, па и најновиот модел е дизајниран во склад со познатиот еволуциски дизајнерски пристап на Volkswagen.

Од германскиот производител истакнуваат дека „осмицата“ има елегантна пропорција и дека со својот изглед многу лесно ќе влегува во погледот на луѓето.

Значајни дизајнерски промени се случиле во патничката кабина, со оглед дека Golf 8 добива целосно дигитализирана командна табла со два големи екрани – едниот за инструмент таблата и другиот, кој е централно поставен за мултимедијални содржини.

Новиот Golf e поставен на MQB Evo механичката плаформа со што ќе се заштеди на масата на возилото и ќе биде до 45 килограми полесен од актуелната генерација.

Покрај бензинските и дизел мотори во понудата ќе има и т.н. „благ“ хибриден погон, како и класичен „plug-in“ хибрид, кои му овозможуваат автономија на возење на електрична енергија и до 80-тина километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот