Вулверхемптон плати рекордни 40 милиони евра за португалски тинејџер
Англискиот тим го собори рекордот кога станува збор за трансферите откако денеска го договори трансферот на 18-годишниот Фабио Силва од Порто.
Вулверхемптон одлучи да плати рекорди во клупската историја 40 милиони евра за 18-годишниот напаѓач на Порто, Фабио Силва, за кој се смета дека ќе биде идната голема ѕвезда на европскиот фудбал.
We are delighted to announce the signing of Fabio Silva for a club record fee!
✍️?
— Wolves (@Wolves) September 5, 2020
– Нашите скаути го следеа Фабио уште кога играше за португалската репрезентација до 16 години. Дури тогаш беа сигурни дека тој е најдобриот напаѓач за своите години во Европа. Фабио е играч кој не само што е технички обучен туку има и висока интелигенција за играч на негова возраст– изјави Џеф Ши, претседателот на Вулверхемптон.
Претходниот рекорден трансфер на Вулверхемптон изнесуваше 33 милиони евра кога од Бенфика го донесе Раул Хименез. Фабио Силва ќе биде 10. португалски фудбалер во премиерлигашот кој од клупата го предводи исто така Португалец, Нуњо Еспирито Санто.