Вулканската активност на Сицилија: Се „разбуди“ Етна, исфрлуваше чад и лава во висина од 100 метри

Фото: EPA-EFE/FULLY HANDOKO

Највисокиот европски вулкан Етна на Сицилија еруптираше во текот на ноќта и исфрли пепел и лава во височина од 100 метри.

Активноста на вулканот на неговиот југоисточен кратер е регистрирана во неделата во 21.20 часот, а во рок од еден и пол час, интензитетот на експлозиите се засилил од среден до многу голем, пренесува британски „Сан”.

Советодавниот центар за вулканска пепел од Тулуз објави дека од кратерот излегле фонтани со лава високи и до 100 метри, а густата пепел се вивнала во височина и до пет километри, како и дека пепел паднала врз селата и градовите јужно од вулканот.

Исто така, пријавено е дека звуците од вулканот се слушале до Калабрија, како и дека бил регистриран земјотрес со јачина од 2,7 степени на падините на Етна, но не е познато со што е поврзан.

Во минатото, најголемите ерупции на вулканот Етна биле во 12 и во 17 век, кога починале 15.000 луѓе, односно кога биле уништени 15 села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот