Вулин: Службеници во МВР сакаа да го уапсат братот на Вучиќ и да го присилат на оставка

Александар Вулин / Фото: Архива на Слободен печат

Во Србија денес повторно се актуелизира аферата околу „најголемата плантажа на марихуана” Јовањица и нелегалното прислушкување на претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот на полицијата Александар Вулин откри нови детали во врска со истрагата, изјавувајќи дека целта била братот на претседателот Александар Вучиќ Андреј Вучиќ.

-Дали (обвинетиот Предраг) Колувија ќе биде осуден или не, дали марихуаната била произведена на неговата плантажа, ќе одлучи судот. Тука денес зборуваме за фактот дека делови од МВР беа подготвени да учествуваат во акции што се некомпатибилни со полицијата, кои беа подготвени се она што се случи околу Јовањица, за да претседателот Вучиќ го види својот брат во затвор и за да поднесе оставка, изјави Вулин за ТВ Пинк.

Тој кажа дека прислушкувањето било со цел да се најде компромитација за претседателот Вучиќ или членови на неговото семејство.

-Кога тоа не помина, кога не најдоа ништо што може да го извалка претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, тогаш настапи „Јовањица” – кажа Вулин.

На Колувија му беше понудено да измисли контакти со Вучиќ, откри Вулин, како и дека имало соработка на паралелна структура во МВР со западни служби.

Претходно денес шефот на Службата за специјални истражни методи на Дирекцијата за криминалистичка полиција (УКП), Томислав Радовановиќ, изјави дека е „убеден” дека имало паралелна структура во МВР „со прецизно избрани луѓе” чија цел била да се соберат податоци за претседателот Вучиќ и неговото семејство.

Радовановиќ кажа дека групата, формирана во времето кога Небојша Стефановиќ бил министер во МВР, имало логистичка и каква било друга поддршка од „една западна разузнавачка служба”, како и дека воспоставила разузнавачка мрежа со „тајкуни” и организирала криминални групи.

-Не можам да кажам за која служба станува збор, но пресвртна точка е веројатно патот на министерот Стефановиќ во САД во врска со случајот Гвантанамо, што значеше интеграција и ресоцијализација на две лица од таа база. Тогаш се воспоставува директен контакт со одредени разузнавачки структури во САД, и понатамошната соработка веројатно произлезени од тие контакти, кажа Радовановиќ за ТВ Прва.

Тој ги потврди наводите на медиумите дека, дел од истрагата за случајот Јовањица и прислушкувањето на Вучиќ се поранешната државна секретарка на МВР, Дијана Хркаловиќ, шефот на белградската полиција за наркотици Слободан Миленковиќ и инспекторот Душан Митиќ, кои одбиле полиграфско тестирање.

-Бидејќи не успеаја да го дискредитираат претседателот од првиот обид, тие се префрлија на планот Б и се обидоа да го доведат Предраг Колувија во врска со братот на претседателот на Србија, изјави Радовановиќ.

Денес претпладне Секторот за внатрешна контрола на МВР го повика на распит директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, началникот на одделот за борба против дрога на белградската полиција, Слободан Миленковиќ и началникот на оперативата, Душан Митиќ

Ова е третпат од инспекторите Миленковиќ и Митиќ да се побара полиграфско испитување, иако претходните два пати при тестирањето на детекторот на лаги, беше

утврдено дека инспекторите ја кажуваат вистината кога одговараат на прашања за случајот.

Инспекторите одбиле по трет да ги тестираат.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот