Вулин: Рама нека се извини за поддршката на убијците од ОВК

Александар Вулин / Фото: Архива на Слободен печат

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска, по повод вербалната нота која министерството за надворешни работи на Албанија ја испрати до Србија заради неговите навреди кон Албанците, дека албанскиот премиер Еди Рама треба да се извини за „Жолтата куќа и поддршката на убијците од ОВК“, па потоа да ја „лекува повредената суета“, пренесува Бета.рс.

Вулин во соопштение рекол дека премиерот на Албанија го повикал министерството за надворешни работи на помош кога останал без аргументи за расправија, и дека тоа не е „ништо ново, бидејќи така било низ историјата се до НАТО агресиите, секогаш некој бара помош против Србите“.

Министерството за надворешни работи на Албанија го покани српскиот амбасадор во Тирана за да му предаде вербална нота, по изјавата на Вулин во која Албанците ги нарекува „шиптари“, игнорирајќи ја пресудата на судот во Србија според кој тој термин е „политички некоректен и навредлив“.

Еди Рама побара Вучиќ да му се извини во име на државата Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот