Вулин: Мафијата во Србија е многу моќна

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека мафијата во Србија е многу моќна и да располага со неограничени пари кои секогаш прозборуваат, додавајќи дека се прави обид за релативизирање на постоењето на криминална група на Вељко Беливук чии членови се уапсени, јави дописникот на МИА од Белград.

Вулин за РТС оцени дека се прават обиди да се смени јавното мислење со одржување прес-конференции и секој ден да се говори дека уапсената криминална група е жртва, дека сето тоа е политика, дека не е криминал.

Тој посочи дека МВР располага со големо количество податоци, а како пример наведе 44 запленети скај телефони.

-Замислете колку тука има податоци, броеви, контакти, фотографии од пораки, кажа Вулин, додавајќи дека полицијата првата вечер упаднала на 30 локации и дека бројот се зголемил после тоа, како и бројот на испрашувани и осомничени.

Тој додаде дека истрагата за криминалните групата на Вељко Беливук не се стеснува, туку се шири и дека секој ден пристигнуваат нови информации и да „без никакво сомневање” може да се очекуваат уште апсења.

ВИДЕО I КРИК: Безбедноста на новинарите е сериозно загрижувачка

На прашањето за апсењето на поранешниот заменик началник на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК), Горан Папиќ, Вулин кажа дека Папиќ е обвинет за користење на својата позиција и влијание така што наредил враќање на одземено возило со блинкер на Марко Миљковиќ, соработник на Веља Невоља.

Кога станува збор за испрашувањето на поранешниот функционер на Партизан, Владимир Вулетиќ, кој изјави дека снимката од неговиот разговор со Вељко Беливук е монтирана, Вулин изјави дека полицијата не се занимава со фалсификати и монтирања.

-Што се однесува до улогата на поранешниот државен секретар во МВР, Дијана Хркаловиќ, во незаконското прислушување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот на полицијата оцени дека „тоа е завршено” и дека сите докази се предадени на обвинителството.

-Ние ги предадовме сите докази на надлежното обвинителство и тука е објаснета нејзината улога, како и на сите други членови на МВР кои учествуваа во нелегалното прислушување на Вучиќ и членовите на неговото семејство, изјави Вулин за РТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот