Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Александар Вулин / Фото: Архива на Слободен печат

– Ова се само обиди да се предизвикаат судири меѓу српскиот народ и да се урне, понижи и уништи српската држава, изјави Вулин за ТВ Пинк. 

Насилните протести во Белград имаат една цел, а тоа е државен удар и земјата мора да одговори на соодветен начин, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин во вечерашното телефонско вклучување за ТВ Пинк, порачувајќи дека силата на законот мора да го спречи насилството.

Тој истакна дека ова што се случува вечерва во Белград, Нови Сад и другите градови во Србија, како и тоа што се случуваше вчера, е обид за предизвикување граѓанска војна.

– Државата Србија ќе победи. Да го зачуваме владеењето на законот и на правото, како и политичката и секоја друга стабилност. Оние кои се обидуваат да го уништат се она кое го граделе претходните генерации мораат да знаат дека ќе се соочат со јасен одговор од државата, нагласи министерот за одбрана.

Вулин смета дека „овие собири се добро подготвени и организирани и освен насилство и обид за државен удар немаат друга цел. Тука не станува збор за вонредната состојба, ниту мерките на Кризниот штаб, туку само обид да се дојде на власт со насилство”.

– Ова се само обиди да се предизвикаат судири меѓу српскиот народ и да се урне, понижи и уништи српската држава, изјави Вулин за ТВ Пинк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот