Вулин: Да им се забрани влез во Србија на црногорските пратеници што гласаа дека во Сребреница имало геноцид

Меморијален центар во Сребреница / Фото: EPA-EFE/JASMIN BRUTUS

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин изјави дека ќе побара забрана за влез во Србија за оние кои во црногорскиот Парламент гласале за Резолуцијата за геноцид во Сребреница.

– Претседателот Вучиќ не е човек кој забранува, но ќе побарам од него да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за резолуцијата. Своите семејства кои се добро распоредени низ Белград, нека ги гледаат во Црна Гора, напиша Вулин во соопштението.

Според него, оние кои во црногорскиот Парламент гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница „се откажале од Србите”.

– Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ последен пат ги разочара Србите, по овој срам веќе ништо од него не може да не разочара, оцени Вулин.

Собранието на Црна Гора вчера усвои Резолуција за геноцид во Сребреница, а министерот за човечки и малцински права Владимир Лепосавиќ е сменет на предлог на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, поради изјавите во кои го „релативизирал геноцидот во Сребреница”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот