Вуковиќ: Ѓукановиќ сакаше да замине, но не му дозволивме

Пратеничката на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Александра Вуковиќ изјави дека сегашниот претседател на државата и претседател на партијата, Мило Ѓукановиќ „сакал да си замине”, но не му дозволиле.

Како што пренесува „Вјести”, таа ова го соопшти на една од предизборните трибини на ДПС во Никшиќ, на која присуствуваше и Ѓукановиќ.

– Тој мислеше оваа борба да им ја препушти на новите генерации, но ние не му дадовме. И овде е со нас, … и затоа, да станеме сите, да бидеме убедливи и сигурни во нашата победа. Немојте да се посомневате во ниту еден момент, сакам да видам насмевка на сите лица, рече Вуковиќ.

Локалните избори во Никшиќ се закажани за 14 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот