Вуков ќе настапува во Порше Суперкупот кој се вози заедно со трките од Формула 1

Порше Суперкуп е новиот предизвик во кариерата на Ристо Вуков/Фото: Руко Вуков Медиа Тим

Во претходните три години македонскиот автомобилист Ристо Вуков беше дел од Порше Карера Куп Италија и освојуваше поени.

Вуков на прес-конференција информираше дека следен предизвик ќе биде највисокото по ранг светско натпреварувањето од ГТ трките, Порше Суперкуп.

Негов партнер ќе бидде тимот Омбра Рејсинг кој годинава се закити со двете титули во италијанско првенство.

Во 2023 година ќе се возат осум трки, првата закажана во Емилија Ромања во Италија (19-21 мај 2023).

– Сонишата се остваруваат. Со големо задоволство сакам да го објавам мојот следен чекор во кариерата, кој што претставува олицетворение на се она што се подразбира под врвно натпреварување, Порше Мобил 1 Суперкуп („Porsche Mobil 1 Supercup“). Станува збор за Светскиот Порше Суперкуп кој се вози заедно со трките од Формула 1. Ќе ми биде чест што ќе настапувам под македонското знаме во најелитната конкуреција во светот – вели Вуков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот