Вукичевиќ во „Утрински брифинг“: Продолжуваме да се развиваме и во повисокиот сегмент на вината

Винаријата „Тиквеш“ ја има најуспешната година. Вкупната добивка, профитот и инвестициите се во пораст.

Директорот на „Тиквеш“ Радош Вукичевиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ ја објасни стратегијата на компанијата, имплементирање на брендот „Тиквеш“ на светскиот пазар како и проектот „прва зелена винарија“ во југоисточна Европа.

– Доминантен дел од растот доаѓа од Балканот и Европа. Имаме пробив во Албанија. Очекуваме раст и во Кина. Во фокус ни е грчкиот пазар. Преку француската винарија добиваме пристап до базата на знаење за имплеметирање на брендот Тиквеш на светскиот пазар. Тиквеш планира да инсталира соларна централа на крововите од фабриката и да стане првата зелена винарија во југоисточна Европа која ќе си го произведе количеството на електрична енергија кое што е потребно за да работи – рече Вукичевиќ.

Околу соработката со владата, Вукичевиќ ја нагласи поддршката која винаријата ја има од ресорното министерство.

– Министерот Трајан Димковски е еден од најдобрите до сега. Сме немале проблем со ниедна политичка партија, но со овој министер имаме одличен однос и голема поддршка – истакна директорот на „Тиквеш“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот