Вук вооружен до заби пукал во комшии, роднини, полицајци, минувачи..

Фото: Колаж, Vjesti.me

Не стивнуваат реакциите во регионот од грозоморниот масакар кој го стори триесет и четири годишниот Црногорец Вук Бориловиќ од Цетиње кој вчера уби десет сограѓани и рани шестмина од нив. За време на крвавата драма во која тој уби и две малолетни деца, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.

Според сега веќе официјалните податоци, вчера околу 15:30 часот Бориловиќ влегол во својот стан кој го изнајмувал и на вратата веднаш ги убил своите потстанари меѓу кои и единаесетгодишниот М., потоа неговиот три години помлад брат, а веднаш по нив тој ја застрелал и нивната мајка – Наташа Пајовиќ Мартиновиќ преку прозорец, пренесува српската Нова.рс.

Откако Бориловиќ ги убил првите лица, тој им се јавил на нивниот татко и сопруг Милош Мартиновиќ и му рекол: „Го убив твоето и моето семејство“, велат соговорниците на црногорски „Вјести“ од Управата на полицијата.

Според тврдењата тој во следните 45 минути на околу 80 метри од својата куќа сеел смрт при што убил уште седум лица, а ранил шест.

ФОТО: Twiter, Nova.rs.

Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ тој се упатил и влегол во куќата на соседот каде таму ги затекнал а подоцна и убил постарите сограѓани Данијела и Димитрије Дрецун и тешко го ранил нивниот внук Александар Дрецун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрецун (56), кој истрчал кон куќата кога слушнал пукање, пишуваат црногорски Вијести.

Бориловиќ веднаш по тоа го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и вујко му Горан Ѓуришиќ (54), а како што јавуваат медиумите тој одејќи по улицата ги убил и соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51).

Информациите во медиумите велет дека Бориловиќ, наоружан со два шаржери и со пушка во раката, се свртел кон куќата на својот сосед И.Ј. и го повикал да излезе надвор.

Фото: Колаж од масакарот во Цетиње, Црна Гора

Веднаш по тоа триесет и четири годишниот Црногорец ранил уште четворица соседи меѓу кои и Славица Звитер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидувал во тој момент да го совлада.

Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројцата повредени се оперирани и сместени на Одделот за интензивна нега.

Директорот на Полициската управа (УП), Зоран Брѓанин, доцна синоќа соопшти дека Бориловиќ, според засега познатите околности, околу 15 часот и 30 минути ги убил првите жртви – Мартиновиќ.

„Засега не е јасно што го натерало В.Б. да изврши вакво грозоморно дело, по што и самиот си го одзеде животот. Потенцирам дека се уште се утврдуваат околностите на целиот настан, вклучително и одземањето на животот на В.Б. , а јавноста ќе биде информирана за сите детали преку медиумите. Исто така, сакам да изразам надеж дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваква трагедија во Црна Гора“, рече Брѓанин, додавајќи дека тој изразува сочувствува кон семејствата на жртвите и се надева дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат.

Црногорската полиција објави детали од трагичниот настан во Цетиње

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот