‘‘ВУК ПОЈЕО МАГАРЦА‘‘

Народна: Син ти е коцкар, му вика еден пријател на друг. Аман бе! Што збориш!?… А од кај знаеш, како дозна? Сигурен си? Да! Вчера го видов у коцкарница! Аха! А ти што мајка бараше таму? Значи и ти си коцкар. Таму сигурно не си барал да купиш ‘‘Вегета‘‘ за дома! .. Молк!

Ова е моделот по кој најголемиот дел од јавноста меѓу себе си комуницира преку јавниот сервис обидувајки се да се претстави себе си како ‘‘Мајка Јевросима‘‘ која случајно залутала несакајки во Бордел а своите четри деца ги правда со ‘‘IN VITRO‘‘ оплодување. Лудилото наречено македонска јавна сцена го измести од мозак просечниот граѓанин кој под дејство на опијатот наречен политика почна да ја прифаќа својата летаргичност како нормална состојба! Веќе нема ни интересни бомби ни спектакли. Државата само по себе е спектакл!

‘’ ВУК ПОЈЕО МАГАРЦА‘‘ – најбоља комбинација!

Молим?! Зошто?! Затоа! Единствено така, нема да мора да се случи земјотрес кој на македонската политичка сцена ке остави некоја ‘‘ жива душа‘‘, демек она била поштена, мислела на народот и на неговата светла иднина. А бе ало! Девеесет посто треба под итно да се носи у т.н. ‘‘ три лепе‘‘ за да се заврти забецот на политичкиот мотор кој треба да не донесе во ред. Знаете ли вие дека нема на светот земја во која народот сам повикува час поскоро да станеме протекторат! Лажам!? Крастајци! Прошетатјте по социјалните мрежи. И немој ти мене ‘‘ Шиптари-Миптари‘‘! Самите Македонци си бараат протекторат! Прошетајте социјални мрежи, направете статистика и ќутите!

Најголемата трагедија е псевдопатриотизмот. Зависи од волуменот на празнотијата на желудникот. Понекогаш се продава како на пазар чорапите ‘‘ три за сто‘‘! Македонија е заложник на само два елемента. Едниот е отсуство на сеопшто демографско квалитетно чувство за државност и припадност, а другата е криминалот. Комбинација во која една маса виртуози кои и мислат добро на државата станаа фактори ‘‘ побитни од Исуса‘‘ Сите тие имаат по неколку пасоша спремни како Хусеин Болд да ги снема во даден момент од државата, љубејки си ја и колнејки се во неа! Единствената паричка која ја потрошиле ‘‘ на народ‘‘ се донациите за сендвичи и вода за да може народот да ја ‘‘урла‘‘ по митинзи политичката комбинација која ке го спаси нивниот газ!

А криминалот?

А бе види, едното со другото се брат и сестра. Да имаше земјава еден мал круг од криминалци многу лесно ке се оправеше. Он е навлезен како реума коа ке ти влезе у коски и излагање здравје боже. Проблемот во криминалот е во тоа што е институционализиран. Мега криминалите не може да се изведат без учество на ‘‘ уќуметот‘‘. Така, Македонија скоро триесет години се краде и грицка како торта ставена во фрижидер, па кој како помине си грицка по парче со надеж дека нема да биде фатен. Така, а во инсталација на судска, полициска, извршна власт од сите видови се менуваат само оние кои се ‘‘делегирана власт‘‘ која е приморана да глуми кокошка која е чесна и врти околу ќумезот два круга поише за да не мисли петелот дека е ‘‘ лесна кокошка‘‘. Македонија никогаш не била држава, а кога ке му дадеш држава на сиромав да води, тој се однесува со неа исто како во филмот ‘‘ кад су Богови пали на теме‘‘, кога на еден Бушман му маѓа од авион празна флаша од Кока Кола и не знае што да прави со неа!

Што тресам?

Не тресам ама ‘‘ич‘‘! Да се вратиме на синтагмата ‘‘ Врана врани очи не вади‘‘! Ниту една ново инсталирана политичка гарнитура не доведе на видело криминали на претходната структура. Молам да ми се прости на простаклакот ( јбг. “My style” ) ама не треба да се биде Никола Тесла за да се разбере фразата дека нема политичар со ‘‘ чист г‘з‘‘ е вистина од која очигледно уште долг период нема да може да побегнеме. Спрегата на криминалот не е во ‘‘2Д‘‘…. туку е во ‘‘4Д’’. Како? Просто! Политиката создаде тајкуни, тајкуните ги ‘‘хранеа‘‘ партиите, па откога ги нахранија почнаа да бараат и поставуваат свои услови на игра, за да на крај стана ‘‘луд јебо збуњеног‘‘, и да почне секој секого да мрази и да му вика ‘‘лопоооов‘‘! Аха!…. Така!? Е па,..

‘‘После чешање нема каење‘‘.

‘‘Вук појео магарца‘‘ е српска фраза која дава точна дефиниција што ке и се случи на Македонија многу скоро! СЕ КЛАДАМ! Тоа е единствената формула која може да и овозможи на Македонија да продолжи ‘‘како-така‘‘ , зашто во спротивно, ако излезат сите резили на виделина,..многу лесно може да се случи целиот систем да блокира како кола у планина која останала без уље,… а уље НЕМА! Дека некој ‘‘ке го јаде‘‘, тоа сигурно! Ама знаеш кој? Боранија од втор и трет ешалон!

А бе ај!!!!

Да,..даа! Ама за тоа во следната колумна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот