Вујовиќ: Вардар за прв пат е фаворит во натпревар во ЛШ сезонава

РК Вардар утревечер ќе се обиде да дојде до третата победа по ред во Лигата на шампионите/ фото: Слободен печат

Ракометарите на Вардар утревечер (20.45 часот) ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ го пречекуваат францускиот Монпелје.

Вардар по три кола во ЛШ има едно реми и две победи над Мешков Брест и Албор во одлично расположение го дочекува дуелот со францускиот тим.

– Не знам како другите тренери размислуваат за Вардар, ама јас за Монпелје мислам се најдобро. Станува збор за исклучителна екипа, историска, а сите француски екипи се добри. Свесни сме дека ќе биде многу тежок меч, но Вардар е во еден добар момент, ние сме меѓу двете екипи кои немаат пораз, ама сѐ уште има уште многу да се игра. Првпат немам проблеми околу бирањето кој да игра, зашто сега сите ги имам на располагање, па ќе видиме кој ќе влезе во тимот. Како и да е, Вардар првпат е фаворит во еден натпревар – вели Вујовиќ.

Тренерот на Вардар уште еднаш потенцира дека очекува навивачите да бидат уште еден голем адут на утрешниот натпревар. Иако е свесен дека епидемиолошката ситуација не дозволува салата СЦ „Јане Сандански“ да биде исполнета до последното место, Вујовиќ очекува навивачите да бидат осмиот ракометар на Вардар.

– Патрик Валчак беше на работ на солзите кога Вардар го играше првиот натпревар пред публика по пауза од повеќе од една година. Јас сакам да играм седум на шест, но ги молам навивачите на Вардар, утре да не не бодрат и против Монпелје бидејќи тогаш ќе играме осум на шест – додава популарниот Вујо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот