Вујовиќ: Со добра одбрана и помалку примени голови против Пик Сегед

Во четврток со почеток од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје составот на Вардр 1961 ќе го игра својот осми натпревар сезонава во групата „А“ од Лигата на шампионите.
Ривал на скопските „црвено-црни“ ќе биде Пик Сегед од кој загубија во минатото коло во Унгарија со резултат 34:31.
Играчите на тренерот Веселин Вујовиќ ќе се обидат пред своите навивачи да ја прекинат негативната серија од четири порази во низа во ЛШ.
На табелата водат Монпеље и Кил со по 11 бодови, третопласиран е Пик Сегед со 10, по осум имаат Алборг и Елверум, пет Вардар 1961 на шестата позиција, ППД Загреб (два) и Мешков Брест (еден).
– Катастрофален ни е здравствениот билтен, Дибиров има вироза, не се знае дали ќе игра, Куни Моралес и Мишевски имаа судир, и двајцата не се опоравени. Повреден е Тото, а неизвесни се настапите на Кудуз и Стоилов. Недозволиво е за моите критериум, за критериумите на јавноста премногу би биле пет порази во низа. Ќе се обидеме со цврста одбран, со помалку примени голови да стигне до добар резултат – рече Вујовиќ.
Исто така ракометниот клуб Вардар изразува длабоко сочувство до семејствата на сите жртви кои ги загубија животите во огромната трагедија што се случи во Бугарија. На повредените им посакува брзо закрепнување.