Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Вујовиќ: Ремито е реален резултат, Вардар беше подобар во првото полувреме

Денеска во рамките од групата „А“ во првото коло од Лигата на шампионите Вардар 1961 во Норвешка одигра нерешено 27:27 против екипата на Елверум.
– Честитки до Елверум за денешните перформанси. Еден интересен натпревар, одигравме подобро во првото полувреме, а противникот подобро во второто. Можеби ремито е реален резултат. Елверум игра многу добар ракомет, на високо ниво. А ние веќе размислуваме на следниот меч – рече тренерот на Вардар 1961 по мечот со Елверум, Веселин Вујовиќ.
Својот втор натпревар сезонава во ЛШ Вардар ќе го има во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје на 22 септември против белорускиот Мешков Брест од 20.45 часот.
– Тие сакаа да победат, на крајот мислам дека е фер резултат и Елверум заслужи бод. Сега имаме три домашни мечеви во ЛШ во кои ќе се обидеме да освоиме бодови – се зборовите на хрватскиот плејмејкер на Вардар, Анте Гаџа.
А после пресметката со Мешков Брест, на 29 септември Вардар ќе го пречека данскиот Алборг, а на 13 октомври Монпеље од Франција.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
40мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5