Вујовиќ: Ракометното ЕП мора да се откаже

Веселин Вујовиќ
фото: Слободен печат/Драган Митрески

Доскорешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, смета дека претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка мора да се откаже поради зачестениот број на позитивни ракометари на коронавирусот.

Како наближува стартот на ЕП кој е закажан за 13 јануари, така се зголемува бројот на позитивни ракометари, а само денеска во таборот на селекцијата на Србија се регистрирани нови четири заразени ма ковид-19.

– Искрено, навистина не ми јасно на кој нормален човек му е во интерес да се игра вакво ЕП. Дали и колку има смисла репрезентации со по 6-7 заразени ракометари да патуваат и во случај на позитивен тест, тие момци мора да бидат во изолација, а потоа по десет дена без никакви тренинзи да се вратат на терените и да играат натпревари? Тоа нема врска со животот и здравиот разум. Како ракомет ќе гледаме тогаш? Никаков. Да не зборував и за повредите. Потоа претпоставував дека земјите домаќини ќе воведат нови мерки и лесно може да се случи првенството да се одигра без публика. Да ги прашам тие мудреци, за кого ова ЕП се игра? Моето мислење е дека ЕП треба да се откаже, нема да пропадне светот доколку прескокнеме еден турнир – вели Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот