Вујовиќ пред ЕП: На Македонија не ѝ одговара турнирски систем, а во еден меч може секого да победи

Веселин Вујовиќ се надева дека Македонците ќе играат добар ракомет на Европското првенство/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Македонија за три дена ја очекува првиот настап на Европското првенство, во групата „А“ прв ривал ни е Словенија на 13 јануари во унгарскиот град Дебрецин со почеток од 18.00 часот.

Два дена подоцна „црвено-жолтите“ предводени од селекторот и играч Кирил Лазаров ќе се сретнат со Црна Гора, а на 17 јануари противник е актуелниот светски шампион Данска.

Веселин Вујовиќ, поранешниот тренер на Вардар 1961 коментираше за нашата селекција за „Балкан-Хандбал“ пред континенталниот собир:

– Во групата „А“ апсолутен фаворит е Данска, не само во таа група, туку и фаворит според мене титулата на Европското првенство. Интересни ќе бидат балканските дуели, на екс југословенските репрезентации, Македонија, Словенија и Црна Гора. Македонците имаа два натпревари против Кувајт (вкупно три, одиграа и тест против Израел), на кои мислам дека не беа толку одлични, но Кире Лазаров им даде шанса на момците, а кога тој не игра, Македонија не е таа која што треба да биде.

Силен натпреварувачки состав, не им одговара само турнирски систем, а во еден натпревар може да победат било кого. Но, кога треба да одиграат три натпревари за шест дена, тоа е веќе мал број на играчи за ротација. Но, ќе видиме, имаа време, не слушнав од нивна страна за заразени играчи од ковид-19, имаа време физички да се опорават и подготвуваат, и дај Боже да покажат еден добар ракомет, иако мислам дека тоа е еден долгорочен план, Кире игра, но и е селектор, а подоцна ќе биде само на клупата и јас сигурен во тоа што тој го прави – вели Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот