Вујовиќ: Навивачите не се задоволни, реков дека ќе дојдат и тешки денови за Вардар

Веселин Вујовиќ си најде нов ангажман/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје екипата на Вардар 1961 го претрпе петтиот пораз по ред во Лигата на шампионите откако загуби уште еднаш од ПИК Сегед со резултат 27:30 (9:16).

После осум одиграни кола во групата „А“ Монпеље има 13 бодови, пред ПИК Сегед кој е второпласиран со 12, трет е Кил (11), на четвртата позиција е Алборг (10), пред Елверум (8), на шестото место е Вардар 1961 (пет), претпоследен ППД Загреб (четири), а на дното Мешков Брест (1).

Скопските „црвено-црни“ сигурно ќе водат грчевита борба за обезбедување пласман во осминафиналето, следните два меча ќе ги играат на гостински терен, на 2 декември против Кил и шест дена подоцна против ППД Загреб.

Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ:

– Честитки до ПИК Сегед на заслужената победа, јас сум многу разочаран, не од резултатот и поразот, туку од начинот на кој го загубивме денеска натпреварот. Многу лошо го отворивме мечот многу, напаѓачки не бевме ни блиску, правевме некои почетнички грешки и нивниот голман Миклер сето тоа го реши. Ривалите направија една убедлива разлика кои подоцна само ја одржуваа. Сите наши обиди да се поправиме не дадоа резултат. Немавме расположен играч, без оглед на сè знаеме која е силата на ПИК Сегед, тие се моментно подобра екипа од нас, направија тим за да игра на Фајнал-фор и да ја освои Лигата на шампионите. Нивниот проект почна пред седум-осум години, Пастор е тука девет години, јас сум тука пет месеци, не е лесно да се вклопи екипа и да се надигрува.

Јас реков после првите неколку натпревари дека ќе дојдат и тешки денови и моето разочарување го делам со разочарувањето на нашите навивачи кои сигурно не се задоволни. Нашата е цел да се пласираме во следната фаза, се надевам дека тоа ќе го оствариме, имам добар распоред. Овој пораз за нас е тежок, но не е завршена борбата, таа трае и ние ќе го дадеме максимумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот